Friday, February 25, 2011

ШТО Е МЕДИА ПЛУС

МЕДИА ПЛУС  е Здружение на агроновинари на Република Македонија.Основано е на 17.12.2001 година  како НВО со граѓанска иницијатива.Во него членуваат новинари од електронските и од печатените медиуми во Република Македонија, кои  обработуваат теми од агросекторот.
Целта на  МЕДИА ПЛУС е промоција на македонскиот аграр, животната средина, одржливиот рурален развој, на  селскиот и на еко-туризам.Но, и на економијата,воопшто,зашто аграрот има  мошне значајна  улога во економскиот развој.Здружението активно работи и на проширување на соработката  со сродни здруженија и асоцијации од регионот и од  Европската унија.Потпишан е меморандум за соработка со Здружението на Република  Србија -ДАН, со кое се направени и неколку заемни работни посети  на агроновинари од двете  држави.Успешно се одвива соработката и со здружението на агроновинари на Република Словенија, а се воспоставени контакти и со агрновинарските асоцијации во Република Хрватска, во Бугарија и во Австрија. Во тек се активностите и за воспоставување на соработка со здруженија од БиХ, Албанија, од Косово, како и од Република Турција.
Во досегашното десетгодишно работење Здружението МЕДИА ПЛУС беше активно вклучено во медиумската промоција на владините проекти: Закон за вршење на земјоделска дејност и Закон за формирање на фонд за земјоделство во 2002 година. Во рамките на овој проект, МЕДИА ПЛУС ги подготви и промотивните материјали,  флаери, брошури, специјализирани  информативни изданија ( информатори и прилози), билборди, видео спот, орагнизираше трибини по населените места за промоција на овие два законски проекти. Во 2004 и 2005 година, МЕДИА ПЛУС беше носител на проектот  за медиумска презентација  и  на земјоделските кредитни линии  на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството на Обединетите Нации - ИФАД, ( изработка на брошури флаери, видеоспотови, билборди,  и издавање на специјализирано списание - ИНФО ИФАД ). Во рамките на реализацијата на овој проект МЕДИА ПЛУС организираше трибини по општините за презентација на условите за  добивање на кредити преку ИФАД кердитната линија, за што обезбедуваше и пласман на промотивни текстови во електронските и печатените медиуми, како и во специјализираните емисии и весници за земјоделство. Од 2001 до 2004 година Здружението  МЕДИА ПЛУС издавше специјализитрано информативно списание за земјоделство АГРО ИНФО. 
Во моментот МЕДИА ПЛУС работи на проект за поврзување на здуженијата на агроновинари од ЈИЕ во единствен Регионален сојуз на агроздруженија.Тоа, меѓу другото, е најсилниот белег на јубилејот на првата декада од работењето на МЕДИА ПЛУС – Здружение на агроновинари на Република Македонија.

No comments:

Post a Comment